@article{Петрушевски_2022, title={Превод/препев на хумористичниот Периоден систем на македонски}, volume={41}, url={https://mjcce.org.mk/index.php/MJCCE/article/view/2633}, DOI={10.20450/mjcce.2022.2633}, abstractNote={<p>Бев поканет и го прифатив предизвикот, по што се обидов да го преведам/препеам текстот од хумористичниот Периоден систем на елементите, даден на англиски јазик<sup>1</sup>. При ова си поставив неколку императиви од самиот почеток: 1) Текстот на секоја слика да биде во стихови (најдобро дистих или скриен дистих), при што двата стиха да бидат со еднаква стапка. 2) Предност да имаат римувани стихови (секаде каде што тоа е возможно). 3) Кога тоа може да се стори, да не се отстапува од оригиналот во однос на клучните зборови/пои­ми (последново се покажа како речиси невоз­можна мисија, па отстапено е во определен број случаи, нудејќи решенија што се во непосредна врска со својствата на дадениот елемент, а држејќи се до императивите 1) и 2). 4) Во еден мал број случаи (в. го четвртиот пример во овој труд) препевот е даден со моностихови, ценејќи дека со непотребно инсистирање врз римата и стапката би се изгубила „пораката“ од оригиналот.</p> <p>Даден е (споредбено/табеларно) англис­киот оригинал и препевот на текстот за десетина елементи, со кратки коментари. Таму каде што постои позначително отстапување на текстот од оригиналот е коментирано и која била мотивацијата за таквото решение.</p>}, number={2}, journal={Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering}, author={Петрушевски, Владимир}, year={2022}, month={Dec.}, pages={261–265} }