„Ноември – Месец на науката 2025“ – Институт за хемија
Координатор: Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
Abstract
Ова година, по шести пат, успешно беше реализирана манифестацијата „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија како координатор, со поддршка од Македонското биолошко друштво, Сојузот на математичарите на Македонија, Македонското географско друштво, Македонското еколошко друштво, Македонското и Скопското астрономско друштво, како и Природно-математичкиот факултет.
Настанот се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и понуди богата програма составена од научно-популарни предавања, демонстрации од страна на учениците, „Хемиски спектакл“, работилници од областа на природните науки и математиката, како и презентации на наставници посветени на размена на искуства и идеи за унапредување на наставата.
Downloads
Published
How to Cite
Issue
Section
License
Copyright (c) 2025 Пеце Шеровски, Маринела Цветаноска

This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International License.