Номенклатура на органската хемија - 1. Вовед и име претпочитано од IUPAC
DOI:
https://doi.org/10.20450/mjcce.2014.661Abstract
Првите системски правила за именување на органските соединенија се донесени на Конгресот на хемичарите во Женева во 1892 година и се познати како Женевска номенклатура. Тие се надополнети со Правилата од Лиеж во 1930 година, Луцерн 1936 година и Рим 1938 година. Во 1947 година при Меѓународната унија за чиста и применета хемија (International Union of Pure and Applied Chemistry – IUPAC) е формирана Комисија за номенклатура која ги објавува првите правила на IUPAC во 1957 година (секции А и В), ги проширува во 1969 година (секции А, В и С) и во 1979 година (секции A, B, C, D, F, G и H) [1]. Пред дваесет години, во 1993 година, измените излегоа во едно мало, но значајно издание под наслов A Guide to IUPAC Nomenclature of Organic Compounds – за жал користењето не беше многу практично затоа што мораше да се користи заедно со изданието од 1979 година [2]. Оваа година излезе ново издание Nomenclature of Organic Chemistry: IUPAC Recommendations and Preferred Names 2013, или скратено Препораки 2013, на повеќе од 1500 страници [3]. Правилата од 1979 и препораките од 1993 се модифицирани за да се постигне доследност на целиот систем. Во случај на разлики меѓу разните препораки, предимство имаат најновите од 2013.
Downloads
Published
How to Cite
Issue
Section
License
The authors agree to the following licence: Attribution-NonCommercial 4.0 International (CC BY-NC 4.0)
- Share — copy and redistribute the material in any medium or format
- Adapt — remix, transform, and build upon the material
- for any purpose, even commercially.
Under the following terms:
Attribution — You must give appropriate credit, provide a link to the license, and indicate if changes were made. You may do so in any reasonable manner, but not in any way that suggests the licensor endorses you or your use.
- NonCommercial — You may not use the material for commercial purposes.